logo
logo
logo

Вечер Анализа

Барем 30 ДОКАЗИ ДЕКА СДСМ Е БУГАРСКИ КОНЗУЛАТ: Координација на партијата со бугарската пропаганда

Vecer | 22.09.2026

Барем 30 ДОКАЗИ ДЕКА СДСМ Е БУГАРСКИ КОНЗУЛАТ: Координација на партијата со бугарската пропаганда

Нешто повеќе од годона дена политиката на СДСМ се стеснува и се мапира на само неколку точки:

- Мора да се прифати ветото на Бугарија (не само влегување на Бугари во Уставот, туку и се останато од ветото...) бидејќи без тоа нема за нас влез во ЕУ. А до ЕУ патот е како на сликата.

Патот до ЕУ е преку мостот на Бугарија, таму горе, на ридот...
Патот до ЕУ е преку мостот на Бугарија, таму горе, на ридот...

Содржината и моделот на бугарското вето е производ на договор кој го потпиша Зоран Заев (СДСМ) со Бугарија и со тоа на Бугарите им даде писмена согласност да го имаат и употребуваат ветото, а на Македонија и ги врза нозете на патот до ЕУ.

- Македонија е под влијание на Србија и “српскиот свет“ (омилен термин на бугарските политичари и медиуми) и затоа не го прифаќа бугарското вето и не може да почне преговори со ЕУ. Според конструкцијата од Софија, промовирана од Филипче и СДСМ, преку Вучиќ и Орбан тоа е проруска врска. Патем, за потстетување, победата на сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев, во Брисел и европските медиуми беше оценета како “нов Орбан во Европа“ ( Deutsche Welle и многу други).

Доказ според Филипче и СДСМ: Орбан дал кредит на Македонија од милијарда евра со помала камата од банкарската, а Вучиќ отвара ТВ Аренаспорт на македонски јазик и ТВ Еуроњуз во Македонија - на македонски јазик, како и влез на српската Алта Банка во Македонија. Тоа е влијанието, плус противење за српска музика во Македонија, друго не се наведува.

Во Македонија има три бугарски банки, значи три пати повеќе банкарско влијание доаѓа од Бугарија.

Еуроњуз е европска телевизија, со седиште во Лион, Франција. Еуроњуз франшизата се емитува и во Бугарија и ништо не ги спречило да реемитуваат и во Македонија. А околу Аренаспорт - тие се најголем спортски канал во Европа кој преку викенд емитува 120 директни спортски преноси, а годишно над 6.800 директни спортски преноси и уште толку репризи, прилози и емисии.

Дали е поголемо влијание ако преносите на Аренаспорт Македонците ги следат на српски или на македонски јазик. На Филипче му пречи преносот на македонски јазик.

Во Македонија на албански јазик емитуваат 6 телевизии. Аренаспорт и Еуроњуз емитуваат програма на македонски јазик. Еуроњуз, патем, формира програма според стандардите од Лион.

Се пишува дека Аренаспорт и Еуроњуз Србија се на српскиот Телеком МТел. А Мтел доби лиценца за работа во Македонија во времето на владата на Заев и СДСМ. Па, од кога “српскиот свет“ е во Македонија? Од Заев и Филипче? Дали Зоран Заев од Србија добиваше пари за својата фондација? Дали Слободен печат е српски портал кој, поради поддршката на СДСМ не е спорен? Дали медиумите и порталите на СДСМ беа единствени кои добиваа реклами за банери и ПР текстови од Мтел во Македонија, со години? Сега не добиваат, и рекетот е јасен.

- Омаловажување и навреда на се и сешто, од настан до проект или пропис, кога наоѓа поддршка во пошироката јавност: Од прославата на 35 години независност, враќање на книгите во образованието и укинување на сексуалното образование на соросоидите со враќање на класичните науки како историја, или 38% раст на градежништвото, против хидроцентрали и дата центри...

Патем, постојано потсетувајќи не дека претседателката Јотова не дозволува ништо да се исфрли од бугарскиот ултиматум, дека Бугарија е мостот на Македонија до ЕУ, ама дека ете заради “српскиот свет“ Македонија не го прифаќа ултиматумот на Софија. А Заев и Филипче славеа дека сме почнале преговори со ЕУ уште во 2019-та. Патем, Србија преговара за влез во ЕУ и веќе се во тек најважните кластери. Зошто би преговарала за себе, а би имала против преговори на влез во ЕУ за Македонија? Само Бугарија и СДСМ би имале одгоор за оваа дилема, ако е воопшто одговор.

Тоа се фокус темите само од последните 30-тина дена.

Меѓу најактивните агресивно пробугарски медиуми во Македонија е порталот Вардарски.мк. Порталот е анонимен, нема импресум, уредник и слично. На националниот регистрант на домени Marnet.mk за Вардарски.мк нема ниту еден податок освен име Iliya Stoyanovski (so Y) нема кој е техничка поддршка, нема телефон a адресата e - Бугарија (BG)!. Правен тајно, со задача која е јавна. И прочитана.

Имено, ако се следат паралелно прес конференциите на СДСМ, нивните соопштенија, изјавите на Венко Филипче и Јон Фрчкоски... ќе видите фрапантна координација на темите помеѓу Вардарски.мк и СДСМ. И по теми, и по наратив, дури и по време на објавување на “темите“. Вардарски ќе објави, СДСМ ќе ја преземе како своја веќе за ден-два и обратно. Штабот на СДСМ е во Софија.

Ако, за последниве 30-тина дена, следите водечки бугарски портали од Софија ќе видите дека Македонија, нашата влада, ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски... ретко се спомнуваат но, затоа, за бугарските цели и интереси СДСМ, Филипче, Вардарски и десетина други нивни портали зборуваат секојдневно. Нашиве се поголеми Бугари и од Бугарите.

Во продолжение, 30 инсерти, за период од само месец дена, објавени на пробугарскиот портал Вардарски.мк со експлицитен напад врз македонската влада и потсетувања дека во бугарски раце е клучот за нашите преговори со ЕУ.

И така натаму, и така натаму... Да потенцираме, ова е пропагандата од само 30-тина дена, а трае барем 16-18 месеци. Секој прес, соопштение или изјава од СДСМ е во овие “теми“. Секоја “тема“ од овој пробугарски анонимен портал е одработена низ изјави, пресови и соопштенија на СДСМ. Нема разлики.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk