logo
logo
logo

И сега Заев, Филипче и СДС, заедно со бугарски печурки во Македонија се тргнати против јазикот и идентитетот

Vecer | 25.07.2025

И сега Заев, Филипче и СДС, заедно со бугарски печурки во Македонија се тргнати против јазикот и идентитетот

Политиката на СДС, Заев и Филипче со Бојко Борисов ја донесе државата до бришење на идентитетот и јазикот од Резолуцијата на ЕП. Заев и СДС ја уништија дипломатијата и го урнисаа интегритетот на Македонија, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бојко Борисов, кого Заев го нарекуваше брат лично се фали како тој го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик од Резолуцијата на ЕП.

Тоа е истиот оној Борисов на кого Пендаровски му носеше поздрав од Заев со пораката – Бојко љубави.

Ова е резултат на политиката на Заев и СДС, кој кажа работи кои ниту најголемите бугарски шовинисти не можеле ниту да ги замислат.

Заев, Филипче и СДС се директно виновни за сите негирања од страна на Бугарија, затоа што за свој личен интерес продадоа се што можеа.

И сега Заев, Филипче и СДС, заедно со бугарски печурки во Македонија се тргнати против јазикот и идентитетот, затоа пречка е ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, и затоа и нападите нивни се големи, со лаги и манипулации“, изјави Лафков.

Едно треба да знаат дека ќе бидат поразени, затоа што се разголени и народот јасно гледа што прават, потенцира Лафков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk