logo
logo
logo

СПОРЕД ММФ, МАКЕДОНИЈА Е ТРЕТА ВО ЕВРОПА: Бензините и дизел горивото ќе поефтинат за 1,5 денари

Vecer | 19.04.2026

СПОРЕД ММФ, МАКЕДОНИЈА Е ТРЕТА ВО ЕВРОПА: Бензините и дизел горивото ќе поефтинат за 1,5 денари

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одржа прес-конференција во Медиа центарот на Владата.

Мицкоски најави намалување на цените на горивата од утре, посочувајќи дека според владините пресметки се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука со која бензините и дизелот ќе поевтинат за околу денар и половина.

Тој нагласи дека на сила останува и договорениот попуст со компанијата ОКТА, според кој дизелот е поевтин за два денара по литар, а бензините за три денари, оценувајќи дека Македонија има најниски цени на горивата во регионот.

„Очигледно е дека мерките на Владата придонесоа да сме трета земја во Европа според обемот на мерки кои се имплементирани за да се амортизира енергетската криза и да бидеме држава со најниска цена на горива. Ова го кажува Меѓународниот монетарен фонд“, изјави Мицкоски.

Премиерот истакна дека Владата навремено реагирала на енергетските предизвици и дека мерките се приспособуваат на глобалните движења на цените преку инструментите како ДДВ и акцизите.

Воедно, тој ја обвини опозициската СДСМ дека ширела невистини во јавноста.

„СДСМ лажеше за мигранти, лажеше дека ќе сме банкротирале, лажеше дека нема да има за пензии, па така излажа и за мерките кои ги применивме. Подготвени ја пречекавме енергетската криза која зависи од геополитичките случувања. Според Меѓународниот монетарен фонд ние сме на третото место во Европа“, изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk