logo
logo
logo

Бараат смена на обвинителот Коцевски

Граѓаните се ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ

Vecer | 13.12.2025

Граѓаните се ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ

Последното истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата Маркет вижн само го потврди фактот дека македонските граѓани не се задоволни од работата на судиите и јавните обвинители во македонското правосудство.

Најголем дел од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, а повеќе од 40 отсто од испитаниците се за смена на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

На прашањето дали судиите и јавните обвинители заслужуваат зголемување на платите, дури 73,6 отсто од испитаниците одговориле негативно. Само 14,8 отсто од испитаниците сметаат дека зголемувањето на буџетот за македонското правосудство е заслужено.

Најголем дел од испитаниците сметаат дека ситуацијата во судството нема да се подобри ако судиите и обвинителите добијат повисоки плати.

Во однос на работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски 42,3 отсто од испитаниците дале негативна оценка за неговата работа, а 22,2 отсто оцениле дека тој добро си ја врши работата.

Дека тој треба да биде сменет речиси 40% од испитаниците се согласиле со ова тврдење.

Анкетирањето беше спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници за мкд.мк. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk