logo
logo
logo

Минчев презицно и темелно до ЦИЦ: Последниот што има право да зборува за лукративни мотиви си ТИ!

Vecer | 10.08.2025

Минчев презицно и темелно до ЦИЦ: Последниот што има право да зборува за лукративни мотиви си ТИ!

Зоран Дамјановски – Циц е последниот кој има право било кого да обвинув за лукративни мотиви.

Нека објасни – од каков зорт во 2009 година го напушти СДСМ и премина во друга партија?

Дали тогаш желбата за уште еден градоначалнички мандат му беше посилна од „љубовта“ кон СДСМ?

Што се однесува до тоа дали се нудел на ЗНАМ – ќе се воздржам од коментар од почит кон едни други времиња.

П.С. Друже Циц, знам дека сè уште не можеш да преболиш што јас бев генерален секретар, а Радмила претседател на СДСМ, кога те исклучивме од партијата поради твоето отсуство на лична храброст да потпишеш исписница!

П.С.2 – Не го мешај Бранко Цевенковски во јаловите обиди да го направиш Мартин градоначалник на Куманово.

Не бива таа работа – и самиот знаеш!

Ако можеше ти да бидеш три мандата градоначалник, Максо со целиот свој труд и посветеност сигурно заслужува многу повеќе, затоа што направи повеќе во еден мандат отколку ти во трите мандата заедно!

П.С.3 – Непристојно е, на твоја зрела возраст, друже Циц, да им правиш ќеиф на Заев и Венко и како некое учениче да ја прифаќаш улогата на носител на негативна кампања против ЗНАМ.

Мене ме фаќа срам, а камоли твоите блиски.

Друже Циц, граѓаните на Куманово заслужуваат чесност, посветеност и вистинска грижа, а не политички манипулации и калкулации.

Времето на старите политички трикови заврши!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk