logo
logo
logo

Тачи: Разговорите со Али Ахмети ПРОПАДНАА (ВИДЕО)

Vecer | 15.08.2025

Тачи: Разговорите со Али Ахмети ПРОПАДНАА (ВИДЕО)

Лидерот на Демократската партија на Албанија, Мендух Тачи, денес објави дека разговорите со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не успеале. Тој денеска изјави дека соработката со актуелната влада е практично невозможна.

Тој на новинарско прашање дали ќе биде дел од владината коалиција, нагласи дека и покрај интензивирањето на разговорите во последните месеци, позициите на партиите остануваат многу оддалечени.

„Вистината е таа, како што и претходно кажав, речиси е невозможно, но вие сте во право, во последните месеци имаше поголем интензитет на разговори барајќи од двете страни заеднички точки меѓу оваа влада и ДПА, но на крајот дојдовме до заклучок дека немаме никакви заеднички точки. Дозволете ми да констатирам дека овој разговор денес и официјално е затворен, не можам да ги замолчам другите, но ставовите на ДПА се овие, иако покажавме желба за конструктивност, дојдовме до заклучок дека немаме ништо заедничко со политиката на оваа влада и нема да имаме“ рече Тачи одговарајќи на новинарски прашања.

Тачи додаде дека пропаднале и разговорите за соработка со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Тој најави дека в недела ќе заседава највисокото партиско тело по што ќе биде донесена одлука за идното дејствување на ДПА.

„Наскоро, мислам дека в недела, највисокото тело на нашата партија, Централното собрание, ќе заземе прецизни ставови со заклучоци за во иднина. За жал, можам да констатирам дека дури и разговорите или преговорите со г. Ахмети не успеаја, па затоа ќе имате разбирање дека денес нема да давам премногу детали додека овие ставови не бидат верификувани од партиските тела. В недела ќе има долг состанок на кој ќе разговараме и ќе донесеме одлуки за понатамошните активности на нашата партија“ изјави лидерот на ДПА.

Мендух Тачи и ДПА беа дел од коалицијата „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ, но пред скоро 10 месеци тој потврди нема да бидат дел од фронтот.

„Во недела верувам дека партиското собрание ќе извлече точни заклучоци за иднината. Со жалење можам да заклучам дека разговорите со Али Ахмети не успеаја“, рече Тачи.

За да се утврди ова, тој рече дека партиските тела исто така ќе донесат одлука во недела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk