logo
logo
logo

Убаво е да се видат 47 среќни семејства: СЕМЕЈСТВО ОД ДЕБАР ДОБИ КЛУЧЕВИ ОД СОЦИЈАЛЕН СТАН

Vecer | 01.08.2026

Убаво е да се видат 47 среќни семејства: СЕМЕЈСТВО ОД ДЕБАР ДОБИ КЛУЧЕВИ ОД СОЦИЈАЛЕН СТАН

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар му ги предаде клучевите од социјалниот стан на едно семејство, со што симболично ја пушти во употреба новата социјална зграда.

Со пуштањето во употреба на новиот станбен објект во Дебар, 47 семејства и поединци од ранливите категории добија сопствен дом.

-За мене претставува посебна чест и задоволство што сум денеска тука во Дебар и имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на едно семејство корисник на еден ваков стан, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект којшто ќе биде иднина на многу лица, на многу семејства коишто ќе го користат овој станбен објект. Јас можам да им посакам многу среќа и здравје, пред сè, и што подолговечно да си ги користат овие домови и тие домови да им бидат мир, да им бидат спокој, да им бидат утеха тогаш кога е потребно, а ние како Влада ќе продолжиме во периодот којшто следи и дополнително да инвестираме во вакви проекти – рече Мицкоски.

Право на користење на социјален стан имаат лица кои до својата 18-та година биле згрижени во институции и други облици на згрижување без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, припадници на ромската заедница, како и самохрани родители со малолетни деца.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој присуствуваше на настанот рече дека  доделувањето на 47 нови социјални станови претставува значаен чекор во обезбедувањето достоинствени услови за живот за најранливите категории граѓани.

Тој потсети дека Владата и Министерството за транспорт и во изминатиот период реализирале повеќе проекти за социјално домување низ државата.

-Досега се доделени 29 станови во Велес, 32 во Кочани, 21 во Струмица и 19 во Гевгелија. Во моментов се активни огласи за Пробиштип и Свети Николе, а во завршна фаза е изградбата на социјални згради во Бутел, Сарај и Прилеп, додека се планира и изградба на ваков објект во Штип. Со овие проекти решаваме едно од најважните животни прашања на голем број семејства- нагласи Николоски.

Осврнувајќи се на развојот на Дебар, Николоски истакна дека Владата обезбедува силна поддршка и за локалната инфраструктура и дека се во тек на реализација 22 проекта.

- Грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата. Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија, вели министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски по распределувањето 47 социјални станови во Дебар.

- Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани – деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца. Драго ми е што оваа политика продолжува и што денеска во Дебар можеме да видиме семејства кои ќе започнат ново животно поглавје во сопствен дом, вели Николоски.

Потенцира дека во Општина Дебар се реализираат 22 инфраструктурни проекти, кои значително ќе придонесат за подобар квалитет на живот и локален развој.

- Еден од нив е и булеварот кој ќе ја поврзе оваа станбена зграда. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и да инвестираме во проекти што носат подобри услови за живот за сите граѓани, вели Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk