logo
logo
logo

Започна изградба на гасен интерконектор со Грција - ВЛОГ ВО ЕНЕРГЕТСКАТА НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 09.07.2025

Започна изградба на гасен интерконектор со Грција - ВЛОГ ВО ЕНЕРГЕТСКАТА НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (ФОТО+ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на почеток на изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Ова е стратешки енергетски проект од големо национално и регионално значење.

– Денес отпочнуваме со уште една капитална инвестиција за државата. Денес не го поставуваме само почетокот на изградба на еден гасовод, туку го поставуваме почетокот на еден нов енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас. Она не е само инвестиција во цевки и бетон туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава. Во нејзиниот целокупен економски развој и во најзината просперитетна иднина, изјави Мицкоски.

Премиерот истакна дека преку реализацијата на овој проект како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останатите наши соседи стануваме значајна енергетска крстосница.

– Очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред се за македонските граѓани и домашната економија, потенцира Мицкоски.

Овој стратешки проект се реализира со поддршка на Европската унија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

На настанот присуствуваа и вицепремиерот Изет Меџити, министерката Сања Божиновска, евроамбасадорот Михалис Рокас, Софиа Филипиду, амбасадорка на Грција, Ангела Агилер, амбасадорка на САД, Фатих Туркменоглу, шеф на Канцеларијата на ЕБОР, Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ и Мухамет Елмази, извршен директор на НОМАГАС АД Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk