logo
logo
logo

ЦУК: До 13:00 часот 7 пожари на отворен простор, четири активни три изгаснати

Vecer | 01.08.2026

ЦУК: До 13:00 часот 7 пожари на отворен простор, четири активни три изгаснати

На првиот ден од август до 13:00 часот, регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои четири се активни, нема пожари под контрола, а три пожари се изгаснати.

Активни пожари има во општина Македонски Брод: помеѓу селата Слатина и Грешница (дабова шума); општина Струга: помеѓу селата Делогожда и Татеши (борова шума); општина Сарај: с. Буковиќ (ниска вегетација); општина Илинден: кај клучката Марино (ниска вегетација), информираат од ЦУК.

Од институцијата посочија дека засега нема некое жариште што е под контрола.
Изгаснати се пожарите во општина Велес: кај фирмата „Енмон“ (ниска вегетација); општина Струмица: с. Добрејци (ниска вегетација и стрниште); пштина Ѓорче Петров: кај гробиштата (ниска вегетација), додаваат од ЦУК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk