logo
logo
logo

Индустријата напредува, долгот паѓа

„ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА“ - Мицкоски со најновите бројки за економијата!

Vecer | 01.08.2026

„ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА“ - Мицкоски со најновите бројки за економијата!

Економијата бележи позитивни преминувања со значително намалување на државниот и јавниот долг, како и силен раст на индустриското производство во вториот квартал, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

Според последните податоци, државниот долг е намален за околу 40 милиони евра, додека јавниот долг бележи пад од над 20 милиони евра, со што се спушта на најниското ниво регистрирано по пандемијата. Паралелно со ова, индустриското производство во јуни бележи значителен скок од 6,5 проценти.

Оценувајќи ги овие резултати како директен успех за државата и подобрување на животот на сите граѓани, премиерот Мицкоски изјави:

„Тоа се уште неколку лоши вести за опозицијата и за оние кои се молат и сакаат да не успее оваа држава. Прво, имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме на ниво најниско од после короната. Имаме намалување на околу 40 милиони евра на државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал и имаме зголемување на индустриското производство во јуни од 6,5%...следуваат уште многу лоши вести за опозицијата во периодот што доаѓа а тоа се добри вести за граѓаните, односно успеси за државата.“

Владата најавува продолжување на позитивните економски трендови и спроведување мерки кои дополнително ќе ја зајакнат финансиската стабилност на земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk