logo
logo
logo

Во следните 6 месеци, Мицкоски најави РЕФОРМИ ВО ПАРТИЈАТА, А ПОТОА И ВО ВЛАДАТА

Vecer | 06.12.2025

Во следните 6 месеци, Мицкоски најави РЕФОРМИ ВО ПАРТИЈАТА, А ПОТОА И ВО ВЛАДАТА

ВМРО-ДПМНЕ имаше историски најдобар резултат на последните избори. Партијата ја кренавме од една многу тешка состојба во која се наоѓаше кога ја превземавме. Замрзнат имот, политички прогон, луѓе кои ги апсат поради политички позиции, а не поради тоа што направиле некакви дела. 27 април и сите кои настрадаа во овој случај. Долгови што ли уште не. За да денес бидеме победничка партија, со историски добар резултат на последните локални избори. Без долгови кон никому, нагласи Мицкоски во говорот по новиот избор.

- И политички противник кој е декласиран. ДУИ се задржа во опозиција, и само од нив зависи дали и на кој начин ќе ги извлечат поуките важни за нивната партија. Иако сме политички противници, мене не ме прави среќен фактот што СДСМ тоне во безидејност и е под својот биолошки минимум како партија. Тоа отвора простор за вртење на вниманието кон маргинални ликови, би рекол егзибиционисти во политиката, кои привлекуваат внимание, но сите вие знаете дека не се ниту толку храбри, ниту толку силни во своите ставови, зад кои најчесто се кријат лукративните мотиви. Тие создаваат еден талог во општеството и се дел од него. Се противат на секој државен интерес, и на секоја вредност во општеството гледаат со скепса и ја разјадуваат. Инелектуалците се потурнати на страна, а разумните не се повеќе гласни. Затоа мораме да го победиме тој талог заеднички и снажно. Да не дозволиме да се разјадат основите врз кои почива државата…Желбата за слобода, сопственоста на своето и правото на иднина, посочи Мицкоски.

- Никој од вас не треба да заборави дека не се само позиции и функции во партијата. Затоа што кога влегувате во ова вие влегувате и со вашата чест и углед. И многу е важно по што ќе ве запаметат и како ќе излезете во политиката која морам да признаам дека е една валкана арена на многу нечесни игри. Таквата перцепција ја прават токму оние кои на политиката гледаат како алатка за исполнување на свои лични интереси а не за напредок и заедничко добро. Можам да кажам дека заедно постигнавме многу.

За краток период направивме многу важни работи, ја одржиме нажедта и да ги исполниме очекувањата на народот. Ќе повторам ниту една функција во партијата не е од Бога дадена или од дома донесена. Никој функционер не е вечен и мора да има одговорност кон членството и кон самите себе. Не заборавајте од каде почнавте и од каде дојдовте.

Во наредниот 6 месечен период ќе има сериозни реформи во партијата, а тоа подоцна ќе се преслика во владата. До крајот на годината ќе донесам одлука за разрешување и избор на нови претседатели на комитети во целата партија. Дел ќе бидат резибрани, но дел и сменети. Одреден дел па ќе добие нови задачи. Ќе предложам до Централниот комитет и нов Извршен Комитет. А некаде пролета наредната година ќе има и реконструкција и подобрување на перформансите на владатаа. Луѓе ќе добијат шанса.

На ВМРО-ДПМНЕ му е потребна новата генерација што треба да се роди во наредниот четиригодишен мандат. Генерација која ќе изгради од желбата и поривот да се гради татковината, која ќе ја следи и гради стратегијата што ќе обезбеди стабилно и победничко ВМРО-ДПМНЕ и силна иднина за нашата татковина Македонија, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk