logo
logo
logo

Нови автобуси, градски воз и брт за Скопје

Марковска Илиевска: 100 НОВИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ, ГРАДСКИ ВОЗ И БРТ ЌЕ ГО МОДЕРНИЗИРААТ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ

Vecer | 22.09.2026

Марковска Илиевска: 100 НОВИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ, ГРАДСКИ ВОЗ И БРТ ЌЕ ГО МОДЕРНИЗИРААТ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ

Анета Марковска Илиевска, член на ИК на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и советничка во Град Скопје, во вчерашното издание на „24 Анализа“ на Телевизија 24 се осврна на состојбата со мобилноста и јавниот превоз во Градот Скопје, како и на решенијата на кои актуелната власт во градот работи во насока на подобрување на истата, а која долги години беше занемарувана.

„Кога зборуваме за јавниот превоз, не треба само да зборуваме за автобусите, туку генерално за цел систем, токму тоа е суштината на активностите коишто се реализираат во периодов, како 100-те нови автобуси за Градот Скопје, благодарение на Владата, за кои во моментов тече рокот за испорака, и се надевам во најбрзо време дека ќе ги добиеме и дека скопјани ќе се возат во целосно електрични автобуси, дополнително за нив има и 50 полначи“, кажа Марковска Илиевска.

Советничката Марковска Илиевска ја истакна континуираната поддршка на Владата за решавање на состојбите со јавниот градски превоз во градот Скопје, потсетувајќи на неодамнешното пуштање во употреба на првата траса од Градскиот воз, за кој, како што вели Марковска Илиевска, предвидени се уште две други траси со што ќе бидат опфатени сите краци од Градот Скопје. Марковска Илиевска додаде дека во тек е и тендерската постапка за проектот БРТ, а очекувањата, како што вели таа, се во првата половина на 2027 година да се отпочнат активностите за реализација на истиот.

„Освен автобусите, Градот Скопје доби Градски воз преку Министерството за транспорт, првата фаза веќе се реализираше од Транспортен центар до Зелениково и обратно. Втората фаза би била на траса од Аеродромот во Скопје до Транспортен центар и до Скопје-Север, скоро до Бутел. И третата фаза од Транспортен центар до Ѓорче Петров и обратно, така што сите краци од Градот Скопје ќе бидат опфатени со Градскиот воз“, рече Марковска Илиевска и додаде.

„Дополнително, во тек е тендерската постапка за БРТ, проект кој стоеше на хартија долги години, за кој во меѓувреме се отклонија недостатоците и очекуваме дека во првата половина на 2027 година веќе ќе се отпочнат активностите за реализација“.

Марковска Илиевска посочи дека со комбинација на овие три види на јавен градски превоз, скопјани ќе добијат посовремен, подостоинствен и пофункционален јавен градски превоз.

„Така што со овие три вида на јавен превоз очекуваме скопјани да добијат пофункционален, посовремен, подостоинствен превоз“, заклучи Марковска Илиевска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk