logo
logo
logo

ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИ ЌЕ ТРАЕ ДО 31 АВГУСТ

Vecer | 07.08.2025

ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИ ЌЕ ТРАЕ ДО 31 АВГУСТ

Владата донесе одлука да ја продолжи кризната состојба во рок од 30 дена. Со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии.

„Поради висок ризик од шумски пожари во државата, апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште (донесена од 01.07.2025 година и ќе трае до 31.08.2025 година), во спротивно сите оние кои не се придржуваат кон оваа одлука, која е донесена за спречување на пожари, ќе бидат казнети со парична казна од 1.500 до 2.000 евра“, соопштија од Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk