Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот Фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка која е во изградба.
„Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија“, пишува Ивановски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата