logo
logo
logo

Детето е предадено кај мајката

Пронајден мажот кој со јажиња врза дете, МВР му спрема кривична за „НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕТЕ“

Vecer | 09.07.2025

Пронајден мажот кој со јажиња врза дете, МВР му спрема кривична за „НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕТЕ“

По социјалните мрежи кружеше видео на кое дете е заврзано со јажиња околу вратот, рацете и нозете, поради тоа што наводно земало пари.

Според коментарите, ваквиот чин, неофицијално, го направил таткото на детето.

За тоа што нешто е превземено, одговор побара редакцијата на Курир од Министерството за внатрешни работи.

-Во врска со видеото кое се споделува по социјалните мрежи, Ве известуваме дека СВР Струмица веднаш презеде мерки и е откриен идентетот на сторителот и по направените консултации со јавен обвинител против него ќе виде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство врз дете” по член 201а од Кривичниот закон, велат од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека запознаен е и Центар за социјални работи Струмица, по чии насоки детето е предадено на мајката.

Видеото е објавено на социјалната мрежа Х

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk