logo
logo
logo

Апелација ќе одлучува по жалби за мерката куќен притвор за поранешни директори на Онкологија

Vecer | 20.06.2025

Апелација ќе одлучува по жалби за мерката куќен притвор за поранешни директори на Онкологија

Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по жалбите на Основното јавно обвинителство за одлуките на Кривичниот суд, со кои на поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, им беше одреден куќен притвор. Претставниците на обвинителството сметаат дека оваа мерка не е соодветна со оглед на сериозноста на делата за кои се товарат обвинетите, и затоа поднесоа жалби со барање за поостри мерки. Во т.н. „Онкологија“ процес, обвинети се двајцата поранешни директори и уште четворица лекари-онколози. Обвинителството има покренато две посебни обвиненија. Овој случај привлече голема јавна и медиумска заинтересираност поради сомневањата за злоупотреби во рамки на клиниката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk