logo
logo
logo

СРАМ ВО ЛЕУНОВО - Татко (86) и син (60) се обиделе да силуваат жена!

Vecer | 12.08.2026

СРАМ ВО ЛЕУНОВО - Татко (86) и син (60) се обиделе да силуваат жена!

Двајца жители на Гостивар се лишени од слобода по пријава за физички напад и обид за сексуален напад врз 33-годишна жена во угостителски објект во селото Леуново, гостиварско.

Според МВР, на 11 август во 13:30 часот полициски службеници ги привеле П.А. (86) и Б.А. (60), двајцата од Гостивар. Претходно, 33-годишна жена од Тетово пријавила дека сопственикот на објектот Б.А. и неговиот татко П.А. физички ја нападнале и се обиделе да извршат сексуален напад врз неа.

Двајцата се задржани во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk