logo
logo
logo

Кој гради на местото на јавниот базен во Сарај, прашуваат од „Вреди “

Vecer | 21.07.2025

Кој гради на местото на јавниот базен во Сарај, прашуваат од „Вреди “

Во Општина Сарај продолжуваат градбите кои се изведуваат тајно и без соодветна законска документација.

Сакаме да ја информираме јавноста дека во Сарај се гради или реконструира објект кој некогаш беше јавна сопственост, заедничко добро на сите граѓани, а денес е претворен во приватна сопственост.

Станува збор за базенот сместен во спортско-рекреативниот центар во Сарај, кој во 2023 година, од страна на тогашната влада составена од ДУИ и СДСМ, беше трансформиран во сопственост на Општина Сарај.

Од тогаш па наваму, нема објавено ниту една официјална информација за овој објект, кој требаше да остане во служба на сите скопјани.

Во Општина Сарај владее молк. Не е објавен ниту еден документ, нема никаква официјална информација или одлука поврзана со овој проект.

Истакнуваме дека градбата се одвива без никаква информативна табла на теренот, без јавна најава, без истакнат број на градежна дозвола и без податоци за инвеститорот. Сè се одвива во целосна тајност.

Општина Сарај должи одговори на жителите на Сарај и пошироко:

• Кое е претпријатието што го гради објектот?

• Кој е инвеститорот и со какви средства се финансира изградбата?

• На која правна основа се гради?

• Кога е донесена одлуката за оваа градба?

Во меѓувреме, Градот Скопје, како и секогаш кога станува збор за интереси на актуелниот градоначалник на Сарај и неговиот претпоставен Блерим Беџети, молчи.

Во сите случаи поврзани со Блерим Беџети, Градот Скопје се однесува како да нема надлежност за надзор, инспекција или прашања поврзани со земјиштето и урбанистичките интервенции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk