logo
logo
logo

„Арсовска се однесува КАКО ГЕСТАПО СО ВРАБОТЕНИТЕ, ако со некој се скара му ја менува бравата“

Vecer | 15.07.2024

„Арсовска се однесува КАКО ГЕСТАПО СО ВРАБОТЕНИТЕ, ако со некој се скара му ја менува бравата“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска е неподнослива со вработените, вели Умејр Мухамеди  екссоветник на градоначалничката Данела Арсовска, во гостувањето во подкастот кај новинарот Кристијан Ландов.

На прашањето на Ландов дека имало информации дека само што стапила таа на позицијата поставила камери насекаде, Мухамеди одговори дека таа со вработените се однесувала како Гестапо, однесвање кое ги плашело вработените.

Со секого кога ќе се скара, на вратата ќе му ја смени бравата, вели тој

„ Ако се скара некој со неа, таа ќе ја смени бравата од канцеларијата каде што тој работел. Неподнослива е со вработените, има арогантен однос. Може некој да биде распределен во пожарна во Драчево. Јас ги разбирам имаат кредити. Има луѓе со долгогодишно искуство кои се распределени. Еве Мирослав од Инспекторатот не е повеќе таму, беше достапен за сите. Исто така раководителката за образование е преместена во Драчево“, рече Мухамеди.

Нема никаква реакција од страна на градоначалничката Арсовска на обвинувањата на нејзиниот поранешен советник, Мухамеди.

Неговата изјава за подкастот може да ја погледнете ТУКА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk