logo
logo
logo

НЕ ТРГНУВАЈТЕ КОН БЛАЦЕ, пожар го запре сообраќајот

Vecer | 07.07.2025

НЕ ТРГНУВАЈТЕ КОН БЛАЦЕ, пожар го запре сообраќајот

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информира Министерството за внатрешни работи.

„МВР во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста“, се наведува во соопштението.

Повеќе од 70 тони вода денеска биле исфрлени од двата полициски хеликоптери во околината на Блаце.

„Во рамки на денешните активности на полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 кои се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце, во 55 налети исфрлени се повеќе од 70 тони вода“, информира МВР.

На ден 07.07.2025 година, до 18:00 часот има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, соопшти ЦУК

1. Општина Прилеп: с.Бешиште (приземен во мешана шума);

2. Општина Македонски Брод =1: с.Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки);

3. Општина Чашка: под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар);

4. Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација).

5. Општина Македонски Брод 2: нас.Самоков во фабриката за муниција и оружје “Сувенир” (Опожарен е магацин /хала со гуми и палети )

6. Општина Македонски Брод 3: с.Слатино (лисната постелка и ниска вегетација)

7. Старо Нагоричане: с.Белаковце ( гори шума)

8. Општина Дојран с.Николич (нискостеблеста шума)  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk