logo
logo
logo

Молитва за упокоените, гласна тишина и 63 столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани (ФОТО)

Vecer | 16.03.2026

Молитва за упокоените, гласна тишина и 63 столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани (ФОТО)

Молитва за упокоените одржа митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион, во сослужение на свештеници од кочанскиот црковен храм „Св. великомаченик Ѓеорги“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани.

На молитвата присуствуваа семејствата на жртвите, голем број граѓани, како и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и голем број претставници од политичката, академската и општествената заедница.

Паркот на револуцијата во Кочани денеска беше исполнет со гласна тишина, а шеесет и три бели столчиња наредени на отворено и со една бела роза на нив за спомен и отворена книга за жалост – беа немо сведоштво за животите прекинати во најубавите години.

Во Центарот за култура „Бели мугри” во тек е централниот комеморативен настан „Ден на сеќавање“ – 16 март 2025, во спомен на трагично загинатите. аа/ра/ 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk