logo
logo
logo

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира и сточарите да бидат внимателни

АВТОМОБИЛОТ ЗА МИНУТА СТАНУВА СМРОНОСНА ЗАМКА: АХВ со итен апел - не ги оставајте милениците на жештина

Vecer | 31.07.2026

АВТОМОБИЛОТ ЗА МИНУТА СТАНУВА СМРОНОСНА ЗАМКА: АХВ со итен апел - не ги оставајте милениците на жештина

Топлотниот бран што доаѓа во земјава не е опасност само за луѓето, туку и за животните. Агенцијата за храна и ветеринарство предупредува дека високите температури можат да предизвикаат топлотен удар и сончаница кај животните, со можни фатални последици доколку навреме не им се обезбеди соодветна заштита. 

Од АХВ апелираат до граѓаните, сопствениците на миленици и сточарите да бидат особено внимателни во периодот на екстремни горештини и да избегнуваат оставање на животните во несоодветни услови, директно изложени на сонце или во затворени и непроветрени простории. 

Порастот на температурите претставува стрес за секое животно, а може да се манифестира со намален апетит, послабо внесување храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Забрзано и плитко дишење, несигурен од – (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните за што е неопходна итна реакција – велат од АХВ.

Во вакви услови, додаваат, животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде што има доволно свеж воздух, да му се даде доволна количина свежа вода, телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо.

Од АХВ предупредуваат, домашните миленици да не се оставаат во затворени автомобили кои се директно изложени на сонце, ниту да се изнесуваат на прошетка во најтоплиот период од денот. Сопствениците да им обезбедат доволна количина, постојано свежа и чиста вода, како и престој во проветрени простории.

-На фармите да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончевите зрачења, на испустите треба да има натстрешници или природни ладовини. Излегувањето на животните да биде во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот на животните или да се користат за работа, бидејќи тогаш температурите се пониски- препорачува АХВ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk