Премиерот Христијан Мицкоски, во рамките на посетата на Њујорк, оствари официјална средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, како и со високите претставници за Европа, Брендан Харнахан и Даниел Лотон.

На средбата се разговарало за продлабочување на стратешкото партнерство, политичкиот и економскиот дијалог, регионалната безбедност и соработката во рамките на НАТО. Мицкоски истакна дека директната комуникација со американската администрација е од исклучително значење за силно претставување на македонските државни интереси.
„Нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси. Градиме исправена држава со јасен став и сигурна иднина“, порача премиерот во објава на фејсбук.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата