logo
logo
logo

Ќе се испитува уставноста на штетниот документ за македонскиот идентитет

ЌЕ ПАДНЕ ЛИ ВТОРИОТ ПРОТОКОЛ СО БУГАРИЈА НА УСТАВЕН СУД?

Vecer | 13.08.2025

ЌЕ ПАДНЕ ЛИ ВТОРИОТ ПРОТОКОЛ СО БУГАРИЈА НА УСТАВЕН СУД?

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста и законитоста на вториот протокол поптпишан меѓу македонската и бугарската власа. Подносител на иницијативата е поранешната пратеничка и поранешна претседателка на партијата ДОМ, Лилјана Поповска.

Од Уставниот суд информираат дека во текот на јули се оформи 26 нови предмети, меѓу кои и предметот во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, донесен на 17.7.2022 година во Софија. Протоколот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчова.

„Во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлуката на Судот“, соопшти Уставниот суд.

Од Судот соопштија дека подносителката на иницијативата Лилјана Поповска наведува дека со оспорениот Протокол е прекршен член 8 став 1 алинеја 1, 2 и 11 од Уставот.

„Подносителката тврди дека има несоодветна форма и содржина, дека излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден член од Договор меѓу две земји и произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава. Според наведеното во иницијативата Протоколот е во спротивност со Уставот, бидејќи не е ратификуван во Собранието, не е објавен во дадениот уставен рок во Службен весник. Дополнително, се тврди дека е во спротивност со членовите 6-16, 19, 20 и 26 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори, бидејќи не е почитувана процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување“, соопшти Уставниот суд.

Подносителката, се додава, бара поништување на Протоколот.

„Таа наведува дека поништувањето е издржано согласно Виенската конвенција за договорното право (1969), со која е овозможено поништување во случај кога е во спротивност со императивната норма на општото меѓународно право, што таа го толкува и во овој случај. Во иницијативата е наведено дека Протоколот не е полноправен акт потврден од Параламентот, туку останува само записник од состанок на Меѓувладина комисија. Се тврди дека за разлика на процедурата спроведена во Република Северна Македонија, која ја оценува како како нетранспарентна и со пропусти, бугарска собраниска комисија за текстот на Протоколот дискутирала уште на 23.6.2022 година, еден месец пред министрите за надворешни работи на двете земји да го потпишат, а потоа на седница на 24.6.2022 година го усвоила целиот пакет од Францускиот предлог за почеток на преговорите со Северна Македонија, со имплицитно вградениот Протокол“, соопшти Уставниот суд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk