logo
logo
logo

Засилена меѓуинституционална соработка за заштита на природата и културното богатство

Vecer | 11.02.2026

Засилена меѓуинституционална соработка за заштита на природата и културното богатство

Со поддршка на Европската Унија, Царинската управа потпиша Меморандуми за соработка за формирање на Национална меѓуинституционална платформа за борба против еколошки криминал и криминални дејства врз културното наследство. Платформата ќе овозможи поефикасна размена на информации, координирани истраги и кривичен прогон, велат од Царинската управа.

„Со поддршка на Европската Унија, потпишавме Меморандуми за соработка со што ја поставивме основата за функционирање на Национална меѓуинституционална платформа која ќе обезбеди ефикасна борба против еколошки криминал и криминални дејства против културното наследство.

Културното наследство и животната средина се темелни вредности што го обликуваат нашиот идентитет и влијаат на квалитетот на животот при што секој обид за нивно уништување не е само напад врз природата и историјата, туку и закана за нивната заштита и одржливост. Ваквите криминали често имаат лукративен карактер и се поврзани со корупција и перење пари, што ја нагласува потребата од силен институционален одговор.

Преку системска соработка овозможуваме размена на информации, координирани истраги и поефикасен кривичен прогон.

Завршниот настан во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со кривични дела против културното наследство и животната средина“ е резултат на сплотеноста на институциите, силната поддршка од ЕУ и партнерство со Корпусот на карабинери на Италија, чие искуство и експертиза имаат значаен придонес врз зајакнување на институционалните капацитети“, велат од Царинската управа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk