logo
logo
logo

СЕ НАМАЛИЈА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА, очекувам дополнително снижување, ќе продолжиме да го држиме нивото на ДДВ на 10%

Vecer | 15.04.2026

СЕ НАМАЛИЈА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА, очекувам дополнително снижување, ќе продолжиме да го држиме нивото на ДДВ на 10%

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговараше на новинарско прашање во однос на одлуката на Регулаторна комисија за намалување на цените на дериватите, што после 20 април дали ќе продолжи со мерката за намалено ДДВ и дали има задоволство во однос на намалените цени.

-Поврзано со вториот дел, тука нема простор дали сме задоволни или не сме задоволни, тоа е закон и тоа е формула. И ние таа формула ја пресметуваме кога затвараат берзите, отприлика како индикатор знаеме што можеме да очекуваме на почетокот од следната недела. Во случајот во понеделник, кога најчесто се седниците на Регулаторната комисија за енергетика, така ќе биде и оваа недела. Ние ова го најавивме, се сеќавате во саботата, на прес-конференција во Владата, дека безоловните горива 95 и 98 октани ќе се намалат за 1,5 денари по литар, а дизелот за 2,5 денари. И тука не се пресметани оние попусти коишто ги дава ОКТА, 2 денари за безоловните горива и 3 денари по литар за дизел горивото, рече тој.

Премиерот очекувам дека, од она што го следи на берзите, дека најмалку ќе останат тие цени, а можно е дополнително намалување во следната недела.

-Барем утрово ги следам, тие се движат на ниво коешто е околу 90-91 долар за барел и американскиот продукт ВТИ и Брент продуктот. Ги следам во минута и очекувам дури и да имаме повторно намалување следниот, овој понеделник. Што се однесува до кризната состојба, на вчерашната владина седница се донесе одлука, таа да се продолжи уште одреден период. Ќе имаме дополнителна седница на којашто ќе донесеме мерка за сеуште да го држиме нивото на данокот на додадена вредност на 10%, наместо на 18%. Во зависност од цените на берзите, така ќе бидат и акцизите, нели има таму согласно закон колкави треба да бидат тие попусти. Така што тоа е отприлика моменталната ситуација, истакна Мицкоски.

Во однос на тоа дали ќе продолжи 70 денари на ОКТА, премиерот Мицкоски рече:

„Да, до крај на април. И преговараме за дизел горивото, пошто тоа е отприлика 75% од вкупното потрошувачко портфолио, да биде барем уште некој дополнителен попуст. Ќе видиме, мислам дека се буткаме на рака за уште еден денар да извадиме по литар.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk