Нема веќе каде да згреши СДСМ во политиката. Се што е фатено или кажано е - згрешено. Сега грешките само се повторуваат и мултиплицираат.
Партијата која некогаш Киро Глигоров и Бранко Црвенковски ја промовираа како наследници на партизанскиот антифашизам и државотворноста низ АСНОМ денес е само табла со фирма на зградата во Бихаќка која со СДСМ, и нивната почетна идологија нема ништо заедничко.
Партијата, СДСМ, кога по митинзи 25 години зборуваше дека се тие демократска партија со европска ориентација денес е предводена од невладините соросоиди и корумпираните сега партеници, а дискоро министри, кои се тука за заштита на својот плен и пленот на Зоран Заев.
СДСМ, со ВД претседателот за јавна употреба, Венко Филипче, на следните локални избори ќе излезе во коалација со ДУИ и Левица. Имало разни коалации од страна на СДСМ, но пред избори во ваква “непринципиелна“ коалиција се оди само кога си свесен дека СДСМ на политичката карта не постои па, да се земе што може да се земе затоа што без Левица и ДУИ тие се никој и ништо. Дури и по анкетите, ДУИ сега е поголема партија од СДСМ, а со Левица СДСМ го делат само неколку проценти рејтинг поени.
Од тие причини сега ВД претседателот за јавна употреба, Венко Филипче, ќе делува во сојуз на три неспоиви идеологии: Идологијата на Енвер Хоџа и Мао Цедунг на Левица, и идеологијата на балистите кои пукаа по партизаните, партизаните кои беа идеолошка подлога на СДСМ. Киро Глигоров се превртува во гробот, а спомениците на партизанските великани од шок и срам сами паѓаат од постаментите во парк и во Бутел
Таква политичка перверзија за изборна коалиција во Македонија досега немало. Се меѓу нив е различно, а само едно е исто: висок степен на корупција на која ни Димче не е имун.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче вчера попладнево на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали коалицираат со ДУИ и Левица за локалните избори, нагласи дека активно разговараат и оти за секоја општина ќе имаат посебна стратегија. Активно разговараме и за секоја од општините ќе имаме посебна стратегија, потенцира Филипче.
Тој нагласи дека нивната партиска стратегија е јасна, а тоа е, како што рече, консолидација на секое ниво и широк инклузивен процес.
Нашата партиска стратегија е јасна – консолидација на секое ниво, широк инклузивен процес во избор на нашите најдобри кандидати коишто имаат и легитимитет и кредибилитет да излезат пред граѓаните да ја побараат довербата, затоа што знаеме дека тие се луѓето коишто можат да ги испорачаат програмите што ќе ги ветиме за време на локалните избори. Тие кандидати заклучно со овие денеска објавени, практично се избрани во еден процес со многу широк консензус. Консултирани се буквално сите партиски членови во рамките на секоја од општинските организации, рече Филипче.
Потенцира дека нивната програма за локалните избори се темели пред се на нивните вредности ??? и ги слушаат граѓаните што вистински сакат да добијат.
Програмата се темели пред се на нашите вредности, социјалдемократски сето тоа преведено во услови за локални избори. Значи, ги слушаме граѓаните што вистински сакат да добијат. Граѓаните насекаде ги сакаат истите работи. Прво, сакаат да живеат во чиста животна средина , понатаму да е безбедно на улиците, да е секаде осветлено, да има проекти кои ќе бидат поддржани во делот на енергетиката, да имаат соодветни простори за спортска активност и соодветен ноќен забавен живот, нешто што го бараат младите и навистина го заслужуваат, се помалку го имаат вака како се водат општините во изминатиот период предводени од ВМРО-ДПМНЕ, рече тој.
Филипче на прес-конференција ги соопшти имињата на нови 16 кандидати за градоначалници. За кандидат за градоначалник на Скопје ја најави потпретседателката на СДСМ Каја Шукова.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата