Двајца сопственици и управители на фирма, меѓу кои турски државјанин, се осомничени за даночно зајтајување од 205 илјади евра. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Сопје и против правното лице , поради спомнежи дека со нивните постапки е оштетен државниот буџет.
Сопоред податоците од Финансиската полиција, првопријавениот Н,О , кој во периодот од 2016 до 2021 година бил реален сопственик и управител на компанијата, по искажата загуба од 13,570 евра во завршната сметка извршил промена на сопственичката структура и управувачката структура. Како нов сопственик и управител бил запишан воторопријавениот Е.М
Финансиската полиција наведува дека за деловните години 2022, 2023, 2024 и 2025 не биле изготвени ниту поднесени завршни сметки, поради што набавена трговска стока во вредност од 521.215 евра била неосновано присвоена. Воедно, според наводите, не биле пресметани, пријавени и уплатени обврски за данок на додадена вредност во износ од 93.819 евра, како и данок на личен доход во износ од 57.906 евра.
Дополнително, пријавените не ги отпишале ниту ги прикажале како приходи застарените краткорочни обврски кон добавувачи постари од три години, во вкупен износ од 534.103 евра. Со тоа, според истрагата, не бил пресметан, пријавен и уплатен данок на добивка од 53.410 евра.
Од Управата за финансиска полиција информираат дека со наведените дејствија пријавените не ги исполниле законски утврдените даночни обврски во вкупен износ од 205.136 евра, со што, како што се наведуваат, е предизвикана штета на Буџетот на Република Северна Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата