logo
logo
logo

ФОТОГАЛЕРИЈА | СКОПСКИОТ КЕЈ ДОБИВА НОВО ЛИЦЕ: се уредува пешачката зона од лисиче до влае

Vecer | 24.08.2026

ФОТОГАЛЕРИЈА | СКОПСКИОТ КЕЈ ДОБИВА НОВО ЛИЦЕ: се уредува пешачката зона од лисиче до влае

Пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае, се уредува во рамки на голема акција за подобрување на условите за движење на граѓаните. Се заменуваат оштетените и уништени подни плочки, се нивелираат нерамните површини и се санираат оштетувањата, со цел кејот да биде побезбеден и пофункционален за сите посетители.

Кејот е едно од најпосетените места во Скопје, каде граѓаните спортуваат, се рекреираат и го поминуваат слободното време со своите семејства.

Ѓорѓиевски потсетува дека од почетокот на неговиот мандат се реализираат активности за уредување на кејот, меѓу кои изградба на нови спортски терени и поставување урбана опрема. Во тек е и акција за темелно расчистување на коритото на Вардар на територијата на Скопје.

„Кејот е пулсот на Скопје, место на кое градот дише, а скопјани ги создаваат своите најубави спомени“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека просторот ќе продолжи да се уредува и развива.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk