logo
logo
logo

18-ГОДИШНИК СРЕДЕ БЕЛ ДЕН НАПАДНАЛ 70-ГОДИШНА СКОПЈАНКА И И ГО УКРАЛ НАКИТОТ - Приведен е, ќе одговара по итна постапка

Vecer | 10.08.2026

18-ГОДИШНИК СРЕДЕ БЕЛ ДЕН НАПАДНАЛ 70-ГОДИШНА СКОПЈАНКА И И ГО УКРАЛ НАКИТОТ - Приведен е, ќе одговара по итна постапка

18-годишник е приведен во Скопје откако со употреба на физичка сила нападнал 70-годишна жена и ѝ го одзел накитот. Случајот е пријавен во полиција, а против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка.

Настанот се случил на подрачјето на Центар, а полицијата го лишила од слобода осомничениот Д.И. од Кочани. 

Станува збор за Д.И. од Кочани, кој бил лишен од слобода вчера, 9 август, во 12:20 часот на подрачјето на Центар. Полициски службеници од СВР Скопје постапиле по претходно добиена пријава за кражба.

Според пријавеното, 18-годишникот со употреба на физичка сила го одзел накитот од 70-годишната скопјанка.

За настанот бил известен јавен обвинител.

По целосното документирање на случајот, ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесат пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, по член 236 став 3 од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk