logo
logo
logo

Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски избра да биде штитот на СДС

Vecer | 04.08.2025

Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски избра да биде штитот на СДС

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски:

„Главниот обвинител Коцевски избра да биде штитот на СДС, а тие го бранат по секоја цена за да не одговараат за бројните криминали, на кои бевме сведоци изминатите 7 години.

Иако Коцевски нема легитимитет, со под 2% доверба кај граѓаните, со интерпелација во Собранието и барање од народот преку пратениците тој да си оди, тој тоа не го прави.

Главниот обвинител Љупчо Коцевски нема ниту грам доблест, за сам да си даде оставка од позицијата. Тој избра да биде штит на СДС и со сите сили да се држи за таа сламка за спас.

Столбот на криминалот на СДС е во обвинителството, таму е последниот бастион кој ги спасува од одговорност десетици поранешни државни функционери, кои ја ограбуваа државата со години.

СДС се свесни дека ако Коцевски си замине, никој друг нема да премолчува и да ги држи во фиока предметите за нив. Токму затоа ризикуваа и јавно да се разголат и да застанат зад него, а со тоа застанаа во јавна одбрана на своите криминали.

СДС се разголени, и јасно се гледа дека ништо друго не им е важно, освен да се спасат од кривична одговорност.

Од друга страна главниот обвинител Коцевски е целосно делигитимиран, и нема ниту грам интегритет за функцијата.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk