logo
logo
logo

Строга мерка што спасува животи!

НА ТРОТИНЕТ САМО АКО СИ ПОЛНОЛЕТЕН - Законски измени по скратена постапка

Vecer | 24.06.2026

НА ТРОТИНЕТ САМО АКО СИ ПОЛНОЛЕТЕН - Законски измени по скратена постапка

Собранието по скратена постапка ќе ги разгледува измените на Законот за безбедност во сообраќајот, со кои се предлага минималната возраст за управување електричен тротинет да биде 18 години, а максималната дозволена брзина да се ограничи на 20 километри на час.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, изјави дека мерките се строги, но неопходни за заштита на младите учесници во сообраќајот. Според анализите на МВР, во повеќе од половина од сообраќајните незгоди со електрични тротинети учествувале лица на возраст од 16 и 17 години.

„Ние сме свесни дека оваа мерка е строга и дека е висока. Но истата ја предлагаме со една и единствена цена, да ги заштитиме младите учесници во сообраќајот. Анализите на МВР покажуваат дека во повеќе од половината во несреќите со електричните тротинети, истите биле управувани од лица од 16 и 17 годишна возраст“, рече Мицевски.

Во периодот од 2024 година до мај 2026 година, во сообраќајни незгоди биле вклучени 2.352 возачи на мопеди, електрични тротинети и мотоцикли. Притоа загинале 46 лица, 585 биле тешко повредени, а 1.347 се здобиле со полесни повреди.

Со законските измени се предвидува и построга казнена политика, вклучително и привремено одземање на возилото до 30 дена за управување од малолетник, пречекорување на брзината, превезување друго лице или возење под дејство на алкохол.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk