logo
logo
logo

СТАВЕНИ ПОД КОНТРОЛА пожарите во Илинден и делчевско Бигла

Vecer | 24.08.2026

СТАВЕНИ ПОД КОНТРОЛА пожарите во Илинден и делчевско Бигла

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и  Локвица, во Општина Кичево – кај селата Тајмиште и месноста Дарда и во Општина Гостивар – кај селото Горна Ѓоновица.

Пожари под контрола се пожарите во селото Илинден, кај делчевското село Бигла, кај село Туденце во Општина Јегуновце и во Општина Врапчиште – кај селата Ломница и Ѓерѓевиште

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk