logo
logo
logo

Брука и срамота во скопско Идризово - МАЛТРЕТИРАЛЕ ПРОДАВАЧКА, ПА ПРЕТЕПАЛЕ СОСЕЛАНЕЦ

Vecer | 24.08.2026

Брука и срамота во скопско Идризово - МАЛТРЕТИРАЛЕ ПРОДАВАЧКА, ПА ПРЕТЕПАЛЕ СОСЕЛАНЕЦ

Двајца жители на скопското село Идризово се приведени откако најпрво се однесувале агресивно кон вработена во маркет, а потоа физички нападнале и 41-годишен соселанец кој им укажал да престанат.

Според МВР, изминатиот викеден, односно во саботата вечерта околу 22:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Х. (25) и А.Х. (20).

Според пријавата, инцидентот започнал во маркет во Идризово, каде двајцата се однесувале агресивно кон вработената. Кога 41-годишниот И.О. им рекол да не се однесуваат така кон жената, тие физички го нападнале и со тврд предмет.

Од МВР информираат дека случајот се документира, по што ќе следува соодветна пријава. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk