logo
logo
logo

КАНДИДАТОТ ЗА СКОПЈЕ ќе се знае во јули, а со ЗНАМ се преговара за поддршка за градоначалници

Vecer | 19.06.2025

КАНДИДАТОТ ЗА СКОПЈЕ ќе се знае во јули, а со ЗНАМ се преговара за поддршка за градоначалници

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не открива сè уште кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје, но напомена дека тој ќе биде поддржан од коалицијата што ќе ја предводи неговата партија и дека ќе биде иден градоначалник. Ова го кажа во одговор на новинарско прашање во врска со подготовките за претстојните локални избори.

-Не би споменувал имиња, бидејќи тоа е наша внатрепартиска процедура. Но, имаме неколку имиња кои се предмет на анкети и како што кажав во една изјава, во првата половина на јули ќе биде познат кандидатот и идниот градоначалник на Скопје, кој ќе биде поддржан од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, рече премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медимите по отворањето на комплексот Македонско село во Скопје.

За соработката со владиниот коалициски партнер политичката партија ЗНАМ, Мицкоски напомена дека се водат преговори за заеднички настап и поддршка на градоначалници и за советнички листи во општини каде ќе има потреба.

-Со политичката партија ЗНАМ преговараме за заеднички настап на локалните избори во смисла на поддршка на градоначалници. За советничките листи, тоа го кажаа и од ЗНАМ дека ќе настапат со сопствени, автентични листи на овие избори. А, во општините онаму каде што ќе се договориме ќе имаме заеднички кандидати, рече Мицкоски во одговорот на прашањето со кого ќе соработува на претстојните избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk