logo
logo
logo

ИЗГОРЕ фабрика за стиропор во Кочани

Vecer | 03.07.2025

ИЗГОРЕ фабрика за стиропор во Кочани

Голема материјална штета предизвика пожар во фабрика за производство на изолациски материјали од стиропор во Кочани.

фото: МИА
фото: МИА


Од Територијалната противпожарна единица во Кочани информираа дека околу пладне добиле повик за интервенција во фабриката што се наоѓа во индустриската зона на влезот во градот, по што се упатиле со четири возила и 12 пожарникари.

Гасењето на огнот беше во специфични услови со оглед што се работи за лесно запалив материјал. Со брза интервенција успеавме да го локализираме и да ја отстраниме сериозната закана да се прошири и на околните објекти. За среќа, освен материјалната штета, нема повредени вработени во фабриката, ниту пак припадници на нашата противпожарна единица, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

фото: МИА
фото: МИА


Увид на местото на пожарот прават полициски службеници од ОВР – Кочани, кои треба да ги утврдат причините за избувнување на огнот.

Пожарот во фабриката за стиропор во Кочани е втора поголема огнена стихија за само два дена, откако во вторникот во кругот на транспортна компанија во населбата Оризари изгореа три автобуси и едно патничко комбе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk