logo
logo
logo

Ова не е нормално: ДАЛИ НИЕ ДАЛИ ГРЦИТЕ НЕ СЕ ТОКМУ СО ВАКВИ ГУЖВИ НА ГРАНИЦА

Vecer | 30.05.2026

Ова не е нормално: ДАЛИ НИЕ ДАЛИ ГРЦИТЕ НЕ СЕ ТОКМУ СО ВАКВИ ГУЖВИ НА ГРАНИЦА

Почна сезоната на годишни одмори. Патувањето до Грција е хорор и неизвесност за туристите бидејќи за премин од Македонија во Грција се чека со часови. Медиумите од нашата држава, но и од Србија, објавуваат сведоштва и видеа од патници кои во автобуси чекаат повеќе од десет часа да се поминат сите педесетина контроли на патниците за да продолжат понатаму.

Долги колони возила, десетици туристички автобуси и повеќечасовни задржувања на граничниот премин Евзони/Богородица ја одбележаа денешната состојба на грчко-македонската граница, јавуваат медиумите од Солун. Причина за метежот се новите биометриски проверки во рамки на системот за влез и излез на Европската Унија (ЕЕС).

Според локалните медиуми, патниците во патничките возила чекале околу два часа за влез во Грција, додека туристичките автобуси биле задржувани и повеќе од пет па и до десет часа за автобусите.

Белградскиот портал Б92 пишува: Денес, на граничниот премин кон Грција беше забележана голема толпа, а патниците од Србија напишаа на социјалните мрежи дека системот EES создава огромни толпи и дека чекањето на преминот Евзони трае со часови.

„Во моментов на влезот во Грција, над 40 автобуси чекаат во ред. Огромна толпа и редот се движи ужасно бавно“, се наведува во една од најавите што го привлече вниманието на многу корисници.

Според патниците, некои од нив ја поминале целата ноќ на границата, а гужвите почнале да се формираат синоќа. Околу седум часот наутро, ситуацијата ескалирала - колоната возила се протегала километри, додека колоната речиси и не се помрднувала.

„Овде сме со автобусот од синоќа. Сега и никогаш повеќе, ова е хаос“, напишал еден од патниците во коментар под објавата.

Општата возбуда на граничниот премин Евзони веќе во раните утрински часови навестува хаотична сезона на патиштата кон Грција. Иако летната сезона сè уште не го достигнала својот врв, патниците веќе се соочуваат со неколкучасовни застои.

Имено, патничка од Србија сподели објава на Фејсбук страницата „Greece Live“, каде што напиша:

Солунскиот информативен портал „Тес“ објави дека на граничниот премин биле забележани километарски колони, возачи кои барале засолниште од високите температури и семејства со мали деца кои со часови чекале под отворено небо.

-И покрај непријатностите, ситуацијата останува мирна, но незадоволството кај патниците е очигледно. Дел од нив дури велат дека нема повторно да ја посетат Грција поради ваквиот почеток на годишниот одмор – наведува порталот.

Поради големиот број автобуси и долгите задржувања, надлежните привремено наредиле за патниците во туристичките автобуси повторно да се применува стариот систем на проверки со цел да се намали метежот и да се забрза протокот на границата.

Порталот „Вориа“ оценува дека доцнењата се директна последица од имплементацијата на новиот ЕЕС-систем, кој предвидува електронска и биометриска регистрација на државјани од земји што не се членки на Европската Унија.

Во четвртокот, заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Константинос Гулекас, одржал состанок посветен на состојбата на граничните премини Евзони и Кипи, при што биле разгледани можности за забрзување на контролите преку дополнително зајакнување на информатичките системи и воведување привремени технички решенија.

Министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисохоидис, изјави дека земјата е обврзана да ја спроведува европската регулатива, посочувајќи дека Европската комисија инсистира на целосна примена на новиот систем. Тој додаде дека добил поплаки од колегите од Македонија и Србија во врска со проблемите што ги предизвикува новиот режим на проверки.

Според Хрисохоидис, предизвиците се поврзани и со самата биометриска регистрација и со ограничувањата на постојната гранична инфраструктура во Грција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk