Европскиот парламент со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.
Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Македонија, а по бугарско-грчките лобирања и притисоци од финалната верзија беа отстранети формулациите кои директно се однесуваат на „македонскиот јазик и идентитет“.
Извештајот го опфаќа напредокот на Македонија во клучните области за евроинтеграција, како и препораки за понатамошни реформи, но отстранувањето на овие термини се толкува како одраз на компромисите во европскиот политички дијалог и „на ти го -дај ми го“ со бугарските и грчките пратеници.
Европскиот парламент т.н. „лулка на демократијата“ како што го нарекуваат, во 21-от век не смогна сили да го победи растечкиот национал-шовинизам во Европа и им излезе директно во пресрет на бугарско - грчките национал шовинистички аспирации кон Македонија, македонскиот народ и историјата.
Познатиот антимакедонец Ангел Џамбаски на Фејсбук објави дека во конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија отпаднале сите текстови во кои стоеше македонски јазик и идентитет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата