logo
logo
logo

Деновиве и некако... НО, ОД ВИКЕНД НЕ ОЧЕКУВА ДРАМАТИЧНА ПРОМЕНА

Vecer | 15.06.2026

Деновиве и некако... НО, ОД ВИКЕНД НЕ ОЧЕКУВА ДРАМАТИЧНА ПРОМЕНА

Времето наредните три дена ќе променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во средината ан неделава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на седмицава ќе преовладува топло време, со скок на сегашните температури. Во среда на повеќе места се очекува променливо и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk