logo
logo
logo

Манасиевски: СДС во одбрана на градоначалникот тепач од Крива Паланка

Vecer | 25.07.2025

Манасиевски: СДС во одбрана на градоначалникот тепач од Крива Паланка

СДС во одбрана на градоначалникот тепач од Крива Паланка, кој наместо да работи за граѓаните ја злоупотребува службената положба и овластување, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка, кој во слободно време во видно алкохолизирана состојба се однесува како шериф и тепа припадник на МВР, за случај во којшто е осуден и прогласен за виновен, сега во работно време ја злоупотребува својата службена положба и овластување.

ВМРО-ДПМНЕ

Луѓето се менуваат но матрицата на СДС, не се менува. Шерифот од Крива Паланка, освен што ги тепа своите граѓани, особено полициските службеници, ја злоупотребува и својата службена должност и мисли дека тоа ќе помине неказнето, бидејќи по навика во време на владеење на СДС, членови и блиски лица до СДС, не беа ниту казнувани, ниту пак повикувани на разговор.

Имено, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски се здоби со кривична пријава поради тоа што не извршил должен надзор и контрола на издадено решение за промена на инвеститор и со потпис или факсимил и печат на општината го одобрил како важечко и со тоа, ја злоупотребил својата службена положба и овластување.

Покрај него, кривична пријава има до уште две лица, кои спротивно на законите и своите работни задачи и обврски, изготвиле промена на инвеститор иако рокот изминал и не извршиле должен надзор и решението го одобриле како важечко.

Ова е доказ за тоа како СДС функционира во општините кои ги водат нивни членови. Кога се на работа, ја злоупотребуваат службената должност, а кога не се, глумат шерифи и во алкохолизирана состојба ги тепаат своите сограѓани“, потенцира тој.

Го повикуваме ЈО да го испита случајот и да се утврди одговорност. Доста е од локални шерифи кои работат за сопствени интереси. Граѓаните на Крива Паланка заслужуваат праведност, одговорност и домаќинско водење на општината, а не тепач, изјави Манасиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk