logo
logo
logo

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Vecer | 09.07.2025

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Одлуката произлегува од указ на Трамп од февруари, со кој се наложува на федералните агенции да се подготват за кадровски кратења. Според плановите, се предвидуваат отпуштања во министерствата за земјоделство, трговија, здравство и човечки ресурси, финансии, за прашања на ветераните, како и во повеќе од десет други агенции.

Во кратка, непотпишана одлука, Судот оцени дека администрацијата на Трамп „веројатно ќе успее“ да докаже дека мерките се во рамките на неговите законски овластувања.

Одлуката претставува нова победа за пошироките напори на Трамп да ја зацврсти контролата врз извршната власт. Врховниот суд веќе донесе неколку одлуки во негова корист, меѓу кои и оние поврзани со строги имиграциски мерки.

Со оваа одлука се укинува претходната забрана на федералната судијка од Сан Франциско, Сузан Илстон, која во мај привремено го блокираше процесот на отпуштања, оценувајќи дека Трамп ги пречекорил овластувањата без консултации со Конгресот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk