logo
logo
logo

Утре започнува пролетта: Ноќите стануваат пократки, деновите подолги, а еве кога се поместуваат стрелките на часовникот

Vecer | 19.03.2026

Утре започнува пролетта: Ноќите стануваат пократки, деновите подолги, а еве кога се поместуваат стрелките на часовникот

Подгответе се за подолги денови, но и за тоа дека таа ноќ ќе спиеме еден час помалку.

Долгоочекуваниот крај на зимата е блиску, но само календарски, бидејќи временската прогноза и снегот што не очекува во април не би се согласиле со тоа. Сепак, убавото време и пролетта се пред нас.

Кога точно започнува пролетта 2026

Официјално, пролетта 2026 година на северната хемисфера започнува на 20 март точно во 15:46 часот. На денот на почетокот на ова годишно време денот и ноќта траат по 12 часа, па овој астрономски настан се нарекува и ден на пролетната рамноденица. Истовремено, на јужната Земјина полутопка започнува есен.

Според астрономските пресметки, пролетта годинава ќе трае до 21 јуни, поточно до 10:24 часот, што значи дека ќе уживаме во неа точно 92 дена, 17 часа и 38 минути, што е за два минути пократко од ланската година.

Од друга страна, според метеоролошки критериум, пролетта веќе започнала на 1 март и ќе трае до 31 мај.

Календар на годишните времиња за 2026/2027 година

Пролет: 20 март – 21 јуни 2026

Лето: 21 јуни – 23 септември 2026

Есен: 23 септември – 21 декември 2026

Зима: 21 декември 2026 – 20 март 2027

Кога се поместува часовникот на летно сметање

Како што е пракса со децении, поместувањето на часовникот се изведува двапати годишно. Последната недела во март се преминува од зимско на летно сметање, додека последната недела во октомври часовниците повторно се враќаат на зимско време.

На летно сметање се преминува во ноќта помеѓу сабота и недела, односно на 29 март, кога стрелките во два часот наутро се поместуваат еден час напред, на три часот наутро.

Иако губењето на еден час сон може краткотрајно да го поремети биоритамот, главната предност е тоа што деновите стануваат значително подолги и ќе имаме повеќе дневна светлина во попладневните часови.

За оние што секоја година се збунуваат во кој правец се поместува часовникот, постои едноставно правило за паметење:

-во март се поместува часовникот напред

-во октомври се поместува часовникот назад

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk