logo
logo
logo

Туристки изеле пица и избегале од ресторан во Италија- сопственичката сама им влегла во трагата

Vecer | 23.08.2025

Туристки изеле пица и избегале од ресторан во Италија- сопственичката сама им влегла во трагата

Микела Малатини, сопственичка на пицеријата Ai Due Re, користеше снимки од безбедносни камери и моќта на социјалните мрежи за да им предаде сметка од 44 евра на две Французинки, пишува The Guardian.

Двете Французинки вечерале во ресторанот во Чивитанова Марке, град на јадранскиот брег, каде што нарачале две пици и четири Аперол Шприца. Откако направиле сметка од 44 евра, тие едноставно си заминале. Сопственичката им раскажала на локалните медиуми дека пристигнале без резервација. „Кога дошло време да платат, тие станале и полека излегле низ вратата“, рекла таа.

Бркање со помош на социјалните мрежи

Нивното бегство можеби ќе било успешно доколку пицеријата не била опремена со безбедносни камери. Малатини го објави видеото на Фејсбук, а со помош на коментарите на корисниците, брзо ги лоцирала туристките во изнајмен стан во истиот град. Следното утро, Малатини лично отишла во апартманот, затропала на вратата и ги разбудила гостите за да им ја предаде сметката. „Двете жени беа многу услужливи и веднаш ги предадоа парите без никаков протест“, ѝ рекла таа на Кроначе Мачератези.

„Не е до парите“

Сопственичката објаснила дека ова не е нејзин прв ваков случај, но овој пат не сакала да се откаже. „Не е до парите; не сакаме да бидеме искористени. За жал, вакви ситуации се случуваат сè почесто“, рекла таа, додавајќи дека гостите кои се обидуваат да си заминат без да платат ги омаловажуваат напорите на нејзиниот персонал. „Тоа е шлаканица во лицето на нашата работа“, нагласи таа. Малатини додаде дека камерите за надзор и долгогодишното искуство помагаат во идентификувањето на потенцијални измамници.

Нејзиниот потег предизвика лавина од позитивни коментари на социјалните мрежи, каде што корисниците ја пофалија нејзината „генијалност“ и „храброст“. „Браво!“ е само еден од многуте коментари за поддршка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk