logo
logo
logo

Турист се разбудил во шатор, па пред себе видел огромен ѕвер (ВИДЕО)

Vecer | 11.08.2025

Турист се разбудил во шатор, па пред себе видел огромен ѕвер (ВИДЕО)

Поради оваа причина, тој поставил шатор, а по ноќниот сон, следело застрашувачко изненадување.

Имено, штом го отворил шаторот, пред себе, само на еден метар оддалеченост, видел огромна мечка.

Блиска средба со дивиот свет

Како што можете да видите, човекот успеал да остане смирен и да ја вклучи камерата што го снимила љубопитниот див ѕвер.

За среќа, мечката не била премногу заинтересирана за туристот, па по некое време се оддалечила и исчезнала во шумата.

Видеото е објавено како доказ за блиска средба со дивиот свет, која останала без последици. Мечките се, по природа, љубопитни животни, што го докажува еден неодамнешен случај од Ванкувер.

Љубопитна мечка

На почетокот на август, безбедносните камери го „уловиле“ моментот кога мечка влегла во куќа непоканета, во потрага по храна, но набрзо избегала.

Причината? Налетала на „лут чувар“ на кого не му било грижа што пред себе има огромен ѕвер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk