logo
logo
logo

Турист бил нападнат од ајкула во познато летувалиште- му се нафрлила штом нурнал

Vecer | 19.08.2025

Турист бил нападнат од ајкула во познато летувалиште- му се нафрлила штом нурнал

Инцидентот се случил на Бахамите околу 13 часот во недела, а 63-годишниот маж бил цел на морскиот предатор.

Префрлен со хеликоптер во САД

Туристот бил однесен во локална клиника, каде што му била укажана прва помош, а потоа со хеликоптер бил транспортиран во САД за понатамошна медицинска нега.

Во овој момент, деталите за неговите повреди не се познати.

Напади од ајкули во длабочините

По инцидентот, локалната полиција издаде соопштение, објавува The Sun.

„Полицијата на островот Абако реагирала на напад од ајкула на 17 август. Прелиминарните извештаи сугерираат дека 63-годишен американски државјанин нуркал и во тој момент и претрпел сериозни повреди.“

Што вели статистиката?

Иако ајкулите живеат во локалните води, нападите врз луѓе се релативно ретки.

Според Меѓународниот фајл за напади од ајкули, само 34 напади се потврдени на Бахамите во последните 400 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk