logo
logo
logo

Се нашол очи во очи со мечка- реакцијата на Словенец го збунила дивото животно

Vecer | 22.07.2025

Се нашол очи во очи со мечка- реакцијата на Словенец го збунила дивото животно

Инцидентот се случил во понеделникот наутро, додека Миран Б. шетал низ шумата во близина на населбата Завратец.

„Имав неверојатна среќа“

Додека одел, одеднаш се појавила мечка и почнала да трча кон него. Човекот немал каде да избега, па ги кренал рацете и почнал да рика.

Ѕверот застанал на околу два метра од него, а потоа се повлекол. Локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил на околу 100 метри од најблиските куќи во населбата.

Човекот за порталот 24UR изјавил дека всушност станува збор за женка мечка со младенчиња и дека имал неверојатна среќа што завршило без последици.

Одлуката за убивање е одложена

„Ги знам сите совети, но кога ќе наидете на мечка, реагирате најдобро што знаете. Кога ги кренав рацете, ги раширив нозете и зарежав, мислам дека тоа имаше ефект на запирање на мечката“, рекол тој.

Порано овој месец, Управниот суд на Словенија ја одложи одлуката за убивање на 206 мечки, а експертите предупредуваат дека без убивање ќе има сѐ повеќе средби меѓу луѓето и дивото животно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk