logo
logo
logo

Ретко пржите риба зашто нејзиниот мирис се осеќа со денови

Vecer | 09.07.2025

Ретко пржите риба зашто нејзиниот мирис се осеќа со денови

Кулинарски трик кој менува сè!

Пржењето риба може да биде вистинско искушение, особено кога низ кујната ќе се рашири интензивниот мирис кој не одбива од приготвувањето на овој здрав оброк. Меѓутоа, постои едноставен трик што ќе ви помогне рибата да ја приготвувате без да стравувате дека целиот стан ќе мириса со денови.

Без оглед дали станува збор за морска или речна риба, треба само во садот во којшто ја пржите рибата покрај масло да додадете и 100-125 мл млеко пред да ја ставите рибата.  Млекото не само што ги неутрализира непријатните мириси, туку ја прави рибата помека, посочна и со попријатен вкус.

Оние што постат или избегнуваат млечни производи, не мораат да се откажуваат од овој трик, посната варијанта, на пример, бадемово или соино млеко, исто така функционира.

Приготвувањето риба, иако делува едноставно, често може да заврши како суво и жилаво месо ако не обратите внимание на деталите. Правилното одмрзнување на смрзнатите филети и контролата на температурата на маслото се први чекори, но токму додавањето млеко прави голема разлика помеѓу еден просечен и врвен оброк.

Многумина што ја провериле оваа метода велат дека се изненадени од резултатите и дека секогаш би користеле млеко при пржењето риба.

-Не само што рибата има подобар вкус, туку кујната останува свежа, како да не сте готвеле – се наведува во коментарите.

Доколку сакате риба, но досега сте се двоумеле да ја приготвувате дома поради миризбата, овој трик вреди да го пробате. Брз е, едноставен и исклучително ефикасен – совршен за секоја домаќинка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk