logo
logo
logo

ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот

Vecer | 20.06.2025

ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот

Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска сооппшти дека повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот, а само во регионот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) престојуваат речиси 25 милиони луѓе кои се присилно раселени или се без државјанство.

Поголемите заеднички напори и меѓународната соработка се клучни за зачувување на заштитата на бегалците, која е загарантирана со меѓународното право, се наведува во соопштението по повод 20 јуни - Светскиот ден на бегалците.

Директорката на ОДИХР, Марија Телалијан истакна дека државите мора да ја исполнат својата законска обврска да ги заштитат оние кои бегаат од конфликти, прогон и насилство.

„И покрај предизвиците, мора да соработуваме за да пронајдеме одржливи решенија што ги почитуваат човековите права на секој човек“, рече Телалијан.

Во соопштението се наведува дека секој има право да бара безбедност во друга земја, без оглед на тоа од каде доаѓа или кој е. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk