Тие забележале силуета која не личела на локалните делфини, па веднаш кренале дрон. Не знаеја какво изненадување ги чека.
Не беше повреден
Брзо беше утврдено дека станува збор за грбав кит, а имаше стравувања дека е повреден или заплеткан во рибарска опрема.
Ова не е невообичаена појава за време на годишната миграција на илјадници грбави китови, кои пливаат од студените води на Антарктикот до потоплите води на Западна Австралија.
Огромниот кит беше премногу блиску до пристаништето - во плитки води за него, но беше утврдено дека не е повреден, но дека веројатно се оддалечил од својот курс, објасни непрофитната организација „Центар за откривање на делфини“ на својата Фејсбук страница.
Ненадејна помош!
Сепак, никој не очекуваше дека ќе се појават делфини, кои ќе си играат околу грбавиот кит и ќе го водат кон подлабоките води!
Целата сцена е снимена со дрон, а природата уште еднаш покажа како функционира совршено. Овој пат, со мала помош од своите морски пријатели...
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата