Анкета од 1999 г. спроведена на речиси 3.000 мажи и жени постари од 45 г., од страна на ААRP (Американско пензионерско здружение), покажува дека водењето љубов и понатаму игра улога во животот кај постарите парови.
Околу 49% од испитаниците кои имаат стален партнер водат љубов барем еднаш неделно, а повеќето тврдат дека задоволителниот интимен живот директно влијае на квалитетот на животот.
Спротивно на верувањето дека сексуалната страст опаѓа со годините, истражувањата покажуваат дека редовниот интимен живот ја зајакнува врската и ги прави паровите посреќни во староста.
Докторите Меј-Иланеј и Буш во книгата „Зависност од секс“, објаснуваат дека интимната поврзаност кај долгогодишните парови се продлабочува со хормонските реакции за време на водењето љубов. Мозокот ослободува три главни хормони на задоволството – допамин, окситоцин и вазопресин – кои го зајакнуваат односот помеѓу партнерите.
Допаминот нè навлекува на односи и ни дава налет на возбуда и енергија. Тој го наградува организмот со чувство на задоволство, без оглед дали активноста е здрав или штетна. Водењето љубов ослободува најсилен наплив на допамин, поради што паровите стануваат зависни еден од друг.
Окситоцинот, ја зголемува желбата за интимност и ги поврзува партнерите емотивно. Секој нежен допир и оргазам ја зголемуваат оваа поврзаност создавајќи круг на желби и поврзаност што трае со години.
Вазопресинот дополнително го зајакнува односот, ги поврзува паровите и ја поврзува улогата на родителите со децата.
Дури и кога сексуалната желба е намалена поради употреба на лекови, гушкањето и галењето и понатаму ги ослободуваат овие хормони на љубовта и ја одржуваат блискоста.
Вредносно овие хормони се неутрални – не им е грижа кои се партнерите, но заедно прават редовната интимност да ја продлабочува емотивната поврзаност. Со стареење на партнерите, младешката страст се заменува со топлина и нежна љубов. Извештајот од Американското здружение на пензионери потврдува дека старите партнери кои имаат редовен сексуален живот се позадоволни, посреќни и пооптимистични, дури и повеќе од помладите испитаници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата